КОГА МАЈМУН КЕ ПРОЗБОРИ

473

Македонија е како приказната со царот и мајмунот. Топката кон Европа е шутната, дадена е ‘‘ фора‘‘ од десет до петнаесет години, а ние до тогаш ќе јадеме ‘‘онакво мое‘‘! Денес мое, утре твое, важно гладни не остануваме. Слушам еден познаник од таму довикува ‘‘ битно е имаме приказна бе! Да си јабутаат приказната у – г‘з‘‘ !!! Дајте леб, дајте држава. СУм ја чул и јас приказната за мајмунот и царот. Да! Ние не сме мајмуни, ама до кога ке се осеќаме како мајмуни!? Во право е човекот. Немам коментар!

Од Агим ЈОНУЗ

Аирлија на патот кон Европа. Триумфално влегуваме на аудиенција ‘‘ во дворот на царот‘‘ за да му покажеме колкаво мочало имаме и дека сме способни деца да праиме. Арно ама, тука има неколку трагедии. Една е податокот дека имаме само мочало и ништо друго, а второто е податокот кој вели дека ако царот побара дали имаме и мозок, ќе треба да имровизираме додека не видат дека сме ајвани, ама не баш до толку! Па може и ке пројдеме на испит. Трагедија е податокот кој вели дека еден огромен број од нашата популација појма нема каде е светот а каде сме ние.  На кое ниво е развитокот, технологијата, стварноста. Убаво му е вака, најголем херој на секојдневието му се Таче, Мицко, Али – Мали! Битно е да му е полн стомакот, основните анималистички потреби задоволени, а за се останато се грижи политиката. На тој народ можеш да му правиш што сакаш, дури и зборот ‘‘камасутра‘‘ е премалку.  Тоа го немало ниту во средниот век, тој феномен што се случува кај нас.

Вели, имам дома графче, ладно пиво у фрижидер, си ја прскам бавчата со црево попладне и чекам вести на Сител и Алсат да видам што има ново. Да знам дали да излагам на протести и да се дерам ‘‘за Македоњааа‘‘. А, кај е светот баш ме заболе. И тој ке умре и јас ке умрам. Да, ама тој еднаш умира, а ти умираш секој ден. Стоко!

Сведоци сме на еуфоријата околу евроинтеграциите, како во најмала рака од утре ке процветаат рози после првата меѓу владина средба. Народот растурен, гладот и очајот царуваат, а сиромаштијата станува симфонија. Народот амортизира со ладно пивце за живце, со турско чајче и полутрезвеност, затоа што кога е потполно трезен го фаќа уште поголема депресија. Сите знаат дека во скоро и брзо време нема ни ‘‘Е‘‘ од Европа, ама битно глумиме дека државата се држи на прав пат. Кој црн пат бе! Ние сме изгубени у свемир, а не на пат! Никој, ама баш никој не зборува во меѓувреме за актуелната ситуација на терен во државата која се граничи со ‘‘крајот на светот‘‘ во квалитетот на живот. Владее апсолутен дефокус од очајот и депресијата на народот. По медиумите само по некоја вест ке чуеме и тоа амортизирана како и секогаш за да не се чуе вистината. А како и да биде поинаку кога нема ниту еден медиум чиј сопственик не е зависен од политиката. Значи, што и да чуеш по вестите земи со резерва. А, знам многу писмени луѓе кои ги почитувам а кои ми велат ‘‘ не гледам вести‘‘! Повеќе вистина дознавам за сопствената куќа од странски медиуми отколку од домашните. Тоа е веќе еден сериозен показател каде сме со медиумите. Во тој цел општо-јавен дефокус, народот се држи во еуфорија дека нај битното прашање е тој пусти влез во Европа. А, дали е баш така!? Не е! Секој еден малку писмен човек знае дека најмалку десет до петнаесет години нема да влеземе во Европа, а во меѓувреме само Господ/Аллах ке не храни, ке не одржува, ке не чува и од пропаст и од уроци, затоа што толку многу се фалиме дека сме напредна земја, што некој од страна може стварно да не урочи. Урокот е лоша работа. А, за споредба што ке правиме додека не влеземе во Европа, како ке опстанеме тоа е посебно прашање. Ако преживееме до тогаш, ако не си ги ископаме очите и ако воопшто државата има леб да му даде на народот. Едно е сигурно. Уште долго ќе му дава политика, Гоце, Даме Скендербег, Хашим Шаља, а во најдобар случај ке му пушти некоја песна од Цеца, зашто овој народ многу повеќе се секира дали Јелена Карлеуша има црни или бели танги, отколку дали во општината во која живее може да се обрати за некаква помош. Уште долго политичката сцена во Македонија ке се бави со дефокус, зашто и да сака не може преку ноќ да смени ама баш ништо. Животот ке се води по онаа турската поговорка ‘‘Bugun bugune, yarin dugune” што во превод значи денес за денес, утре свадба!

И, на крај се прашуваме како ли ќе изгледа тој прв ден кога ке бидеме европјани? А бе човече, до тогаш само еден господ знае што не чека. И локално и геополитилки и секако. Битно е сега да ја продаваме приказната за Европа која иде ‘‘ како алва‘‘ у народ. Да простите на изразот, ‘‘еби го народот додека е возбуден‘‘! За Европа, здравје. Тоа најдобро го одсликува една стара народна приказна која ке ја цитирам цела, а во колумната ке даде одговор на комплетната мисла и поента.

Некој си цар, Ги собрал поданиците и им ветил огромно богатство за една задача. Задачата била да го научат неговиот миленик мајмун да знае да збори. Тоа му била неостварена желба. Се ангажирале максимално сите малку што биле по курнази за да му ги земат парите. Првиот што му се обратил на царот искрено и рекол дека е невозможно, дека е будалаштина, завршил со исечена глава! Царот не сакал ни да чуе дека е невозможно. Вториот сакал по дипломатски да му објасни на царот дека мајмунот нема говорен апарат, инаку би можел, ова она, завршил исто така со пресечена глава за пример на останатите дека ништо не е невозможно. И така, ем алчни за пари, ем уплашени, ем на царот да му ја исполнат желбата не знаеле како да му ги земат парите а царот да биде среќен. Се појавил некој курназ, барал средба со царот и добил средба. Му рекол еве царе, јас ќе ти го научам мајмунот да ти збори, ама ке треба многу пари и време. Воопшто не е неизводливо да ти го научам мајмунот да ти зборува и три јазика. Немој ти воопшто да се секираш додека ме имаш мене. Царот ем со недоверица, ама воодушевен што некој сепак може да му ја исполни желбата, прашал ‘‘Хау мач‘‘!? Колку!? Овој рекол, па како за еден мајмун, а и тој не е млад толку, ми требаат дваесет години и сто иљади златници. Одлично! Прифаќам! Донесете алтани, а ти почни мајмунот да го учиш уште од денеска. Сите среќни! НАРАВОУЧЕНИЕ! Службеникот воопшто не бил ниту глуп, ниту не пресметан. Не зборел напамет. Убаво си пресметал дека за дваесет години или ќе умре царот во меѓувреме, или мајмунот, или тој самиот. А, во меѓувреме ке си ужива во златниците на царот. Сеедно дали мајмонот зборува или не! Мајмун си е мајмун!

Е па, добродојдовте во единствената вистина на македонската стварност. До 2035-та година, или ќе поцркаат сите учесници на спогодбата, или Европа ке се распадне, или ке има трета светска војна, или Македонија ке ја снема од гео-политички причини. Битно, актуелните политичари си се херои на своето време. И волкот сит и овците на број. Албанските партии секојдневно се повеќе го утврдуваат рамковниот договор но и растураат во државата како фактор, СДСМ направи ‘‘историски‘‘ чекор за во Европа, а сите заедно направија Македонија да биде земја која ке преговара со ЕУ за да бидеме рамноправна членка на унијата заедно со една Германија, која на пример, кога ке влеземе ние во Европа ке биде со својот напредок сигурно на некоја друга галаксија. Арно ама, за да бидеме аналитично реални до крај, сите тие заедно од државата направија едно големо  купче со гомненици. Прашањето од милиот златници е ‘‘ а што ке јадеме во меѓувреме‘‘!? Ај за јадење барем у Македонија никој не умрел сеуште од глад, овој народ знае и у бавча да засади патлиџан и пипер. Па и на тераса за зор заман. Системот на вредности кој е инсталиран во Македонија е обратно пропорционален на оној чии вредности се негуваат во современиот свет. На тој, современиот и напреден систем на вредности мајмуни како нас не му требаат. Да, точно е дека и современиот свет трпи криза и има тенденција на ‘‘ бетер‘‘, ама камо среќа да сме ние во ситуација на тој ‘‘ бетер‘‘. Факт е дека современиот свет оди во декаденција, но факт е и податокот кој вели дека се толку многу понапред од нас, што за да бидеме некаде паралелни по системите на вредности, сигурно треба да пополниме една провалија од еден век.

Да и се вратиме на македонската реалност. Што не очекува во блиска иднина и до крајот на барем ова жешко лето. За есен здравје, далеку е. Сево ова што актуелно се случува остава фантастичен простор за и понатаму да се бавиме со дефокус наместо да решаваме реални проблеми. Позицијата има материјал и основа уште еден период да триумфализира топла вода врзана за почетокот на преговорите, опозицијата ке смислува триста ‘‘дрндупки‘‘ за да спаси што може да се спаси да има предвремени избори, а помалите партии како мало дете на сред соба ке гледаат лево-десна за да знаат каде да се приклучат за да не се изгубат во пустината наречена македонска политичка сцена. ‘‘Кикирикот е изден‘‘, во смисла протоколот е потпишан и ‘‘Европа е пред нас‘‘, опозицијата ке лае како куче на месечина внатре државно затоа што ако лае во меѓународни води, на некого ке му текне да ги праша ‘‘ а бе имате ли вие легитимитет‘‘? Ние преговараме со власта! Вие власт сте!? Не! Ајде гитла! Албанците најтриумфалистички ке скандираат ‘‘ ете, да не бевме ние конструктивни немаше да сме на европскиот пат‘‘, ќе им се отвори уште поголема порта да дупат кого сакаат и повеќе отколку до сега, ВМРО ке сече вени по митинзи како некој повторно ја предал Македонија додека останатиот дел од македонскиот народ ке си молчи затоа што него го интересира само едно. Тоа ‘‘едно‘‘ прашање има стотина подпрашања. А тоа се, ке профункционира ли извршната власт? Ке се оправи ли судството, здравството, образованието? Ќе се расчистат ли криминалните, коруптивните, скандалозните случаи во Македонија? Ќе се оправи ли сообраќајната, комуналната, земјоделската приказна? Ќе се подобри ли социјалната состојба? Што ќе правиме со ренесансата на примитивизмот, криминалот, наркоманијата, проституцијата, со безбедноста на обичниот граѓанин по улица?

Македонија е како приказната со царот и мајмунот. Топката кон Европа е шутната, дадена е ‘‘ фора‘‘ од десет до петнаесет години, а ние до тогаш ќе јадеме ‘‘онакво мое‘‘! Денес мое, утре твое, важно гладни не остануваме. Слушам еден познаник од таму довикува ‘‘ битно е имаме приказна бе! Да си јабутаат приказната у – г‘з‘‘ !!! Дајте леб, дајте држава. СУм ја чул и јас приказната за мајмунот и царот. Да! Ние не сме мајмуни, ама до кога ке се осеќаме како мајмуни!? Во право е човекот. Немам коментар!

ОООО ЏЕМААТ ! Вака на прв поглед не ми личиш на мајмун, башка знаеш да збориш. Ама јас тврдам дека си уште поголем мајмун од тој на царот, баш затоа што знаеш да збориш, а не дигаш глас! Мајмун си со диплома! Крши глава сиктер!!!!

 

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)