Кога треба да се исплати и колку треба да биде сумата за К-15

191

Регресот треба да се исплати најдоцна до 31.12 во тековната година. Треба да го исплати секој работодавач кај кого работникот работел во тековната година најмалку шест месеци, односно во таа фирма имал непрекинат работен однос од шестмесечен временски период. Тоа значи дека дури и во меѓувреме некој работник да си заминал од одредена компанија, доколку таму работел непрекинато половина година, работодавачот има обврска да му исплати К15 за таа година во законски предвидениот рок.

Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.

Согласно Колективниот договор, износот на К15 што треба да се исплати е утврден со член 35 од Општиот кколективен договор за приватниот сектор на ниво на стопанството, и тој изнесува 40 проценти од висината на просечната плата на ниво на државата на денот кога е донесена одлуката за исплата на регресот за годишен одмор. Или на пример ако одлуката за исплата на К15 работодавачот ја донел во октомври, тогаш регресот ќе изнесува 40 отсто од октомвриската плата.