КОГА ЌЕ ЈА ВИДИМЕ НОВАТА ВЛАДА – еве што говорат уставните рокови

0

Откако премиерот Зоран Заев вчера поднесе оставка, веќе почнуваат да течат уставните рокови за предлагање и избор на новиот владин состав.

Сега е на потег шефот на државта, Стево Пендаровски, кој треба да го додели мандатот. Односно, Пендаровски сега треба да го додели мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски.

Според Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.