Кои се најубавите плажи во светот

14

Порталот „Worlds50beaches.com“ ја објави својата листа на 50 најубави плажи во светот за 2023 година.

Нивната листа се базира на природните убавини, просторот, популарноста и активностите на плажата, но се однесува и на чистотата и смиреноста на морето. Гласаа над 750 најпрепознатливи и најискусни светски патописци, новинари и експерти.

Првото место на оваа листа го зазеде плажата „Lucky Bay“ во Австралија , сето тоа поради чистиот песок, тиркизната вода и популацијата на многу пријателски расположени кенгури.

На второто место се најде „Anse Source D’Argent“ на Сејшелите.

На деветтото место е плажата „Navagio“, на Закинтос во Грција, која е позната по потонатиот, напуштен брод, а за која беше најавено дека годинава ќе биде затворена за туристи поради опасност од лизгање на земјиштето.

На 32. место се најде плажата „Mirtos“, која се наоѓа на островот Кефелонија во Грција. Како што велат, оваа плажа е позната по чистата вода и неверојатната природна убавина.

Третата плажа од Грција која се најде на оваа листа е прекрасната плажа „Balos“ која се наоѓа на Крит. Во екот на сезоната може да биде многу посетен, па се препорачува да останете таму до зајдисонце, кога ќе се случи вистинската магија.

Во оваа листа се најде и една хрватска плажа. Станува збор за плажата „Pasjača“ во Конавле, која го зазеде 39. место на оваа престижна листа.