Колку се платени претседателите на државите во регионот

17

Иако вчера му била покачена платата, српскиот претседател Александар Вучиќ се уште е најслабо платен од сите негови колеги во регионот, пишува српскиот весник „Данас“.

Тоа, според весникот, значи дека Вучиќ со најновото покачување на платата, ќе зема 1.500 евра месечно.

– Таа плата и понатаму е најниска од сите што ги имаат претседателите на другите држави во регионот во кој Србија се наоѓа. Најголемата плата има претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар, чии примања изнесуваат 3.322 евра месечно. Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, за истата функција, е платен 3.000 евра. Актуелните членови на Претседателството на БиХ Денис Бечировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ заработуваат по 2.922 евра месечно. Зад нив е претседателот на Црна Гора Мило Џукановиќ со плата од 2.420 евра. Претседателот на Албанија Бајрам Бегај месечно заработува 2.208 евра, додека македонскиот претседател Стево Пендаровски има 1.500 евра плата – наведува „Данас“.

Она што, како интересно, се посочува во весникот е тоа што Вучиќ не само што има пониска плата од претседателите на земјите во кои и просечната плата е поголема од официјално прокламираната во Србија, туку што послабо е платен и од претседателите на државите во кои просечната плата е пониска отколку во Србија.

– Сепак, за граѓаните на Србија не е голема утеха тоа што нивниот претседател има најниска плата од сите претседатели во регионот со оглед на тоа што дури половина од вработените кај нас не добива повеќе од 485 евра месечно така што сите тие, но и многу други, радо би ги менувале своите за најниската претседателскаа плата – заклучува весникот.