Колку сме блиску до пронаоѓање на вакцина за коронавирусот?

Потенцијалната вакцина против Ковид-19 успешно е развиена и тестирана на експериментални глувци, објавија медицински истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург.

14

Најавата доаѓа на неполни три месеци од почетокот и појавата на пандемијата на коронавирусот од која досега починаа 50 илјади лица, а повеќе од еден милион луѓе низ светот се инфицирани.

За пронаоѓање на успешни вакцини се потребни години истражување и уште толку, за да бидат одобрени од американската Управа за храна и лекови. Сепак, минатиот месец првите луѓе доброволци, ја примија потенцијалната вакцина против Ковид-19 вирусот со различен состав и јачина, што според информациите, биле со позитивни ефекти.

Прочитајте и… Американски генерал пренесува искуства од борбата со вирусот во Јужна Кореја
Новата вакцина според американските медиуми, користи нова и брза, но недоволно проверена технологија. Во оваа вакцина се користи вирусен протеин создаден во лабораториски услови за градење на имунитет на заразените од вирусот.

Тестовите претходно направени врз лабораториските глувци покажале дека вакцината произведува антитела за борба против вирусот во период од две недели.

Инаку научниците подолго време развиваат вакцина против коронавирусот, поточно против сличните вируси кои претходно ја предизвикуваа болеста САРС и МЕРС. Научниците се надеваат дека наскоро ќе пронајдат вакцина која ќе биде успешна во превенцијата од сите три болести кои изминатата деценија однесоа многу човечки животи.

Во самиот почеток на пандемијата со коронавирусот, научниците тврдеа дека ќе бидат потребни најмногу 18 месеци да се пронајде ефективна вакцина за заштита од коронавирусот.

Научниците интензивно работат на развој на две можни методи на лечење: употреба на плазма од опоравените пациенти од Ковид-19 и употреба на лекови кои се доакажано безбедни за луѓето, како што е лекот против маларија, хлорокин.

Мора да се напомени дека од моментот кога ќе биде објавено дека создадена е вакцина против коронавирусот, светот ќе треба да почека уште неколку месеци за дополнителни тестирања на поголем број лица кои ќе треба да откријат дали истата создава нус ефекти (особено кај лицата со коморбидитет), потоа дали некои хемикали ќе ја направат поефективна, како и времето за вакцината да се произведе и дистрибуира секаде каде што ќе биде потребна, а во моментов, речиси секоја држава ширум светот има регистрирани случаи на коронавирус.