Комисијата за заразни болести одлучува за изолацијата и промената на алгоритмот за заболени со ковид 19

17

Промена на алгоритамот на лечење и дали задолжителната изолација на пациентите кои биле позитивни на ковид 19 треба да завршува 10 дена по добивањето на првиот негативен лабораториски резултат ќе го разгледува комисијата за заразни заболувања на денешниот состанок. Предлогот стигнал од неколку домашни и странски институции.

Според предлогот ова ќе важи само за пациентите кои имале полесни симптоми. За оние останатите веројатно ќе важи протоколот кој е сега на сила со 14 дена изолација и два негативни брисови.

Сега, после 14 дена, на пациентот му се зема еден брис и ако тој е негативен во период од 24 до 48 часа се зема втор и ако и тој е негативен му се укинува решението за изолација. Комисијата за заразни заболувања, препорака за олеснување на протоколот добила од МАНУ, Институт за јавно здравје, како и од релевантни меѓународни институции.

Новите научни сознанија за коронавирусот покажуваат дека тестовите на пациентите и по прележана болест може да покажат дека се позитивни само заради тоа што во организмот се уште остануваат мртви клетки од вирусот кои тестовите ги детектираат, но луѓето се сосема здрави и не се ризик за ширење на ковид-19…