Комити и Војводи пееја пред Шекеринска: „Никогаш Северна, само Македонија“

„Никогаш Северна, само Македонија“ – скандирајќи го ова претставници на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ го спречија давањето изјава на министерката за одбрна, Радмила Шекеринска по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во цкрвата „Свети Спас“.

66

По заминувањето на вицпремиерката, со пеење патриотски песни, во придружба на полицијата навивачките групи одадоа почит на гробот на големиот македонски револуционер.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“ – рече Шекеринска која оцени дека настанот е со политичка мотивација.