Конечно „уловени“: Познатата актерка сепак е во врска со 8 години помладиот готвач…

9

Актерката Кејти Холмс конечно била уловена во прегратките на своето ново момче, готвачот Емилио Витол.

Веќе подолго време се шпекулира за љубовта помеѓу Кејти Холмс (41) и осум години помладиот готвач, а сега фотографиите го потврдија тоа.

Папарацо фотографите ја фотографирале актерката со нејзиното момче во еден ресторан во Менхетен, а Кејти и Емилио постојано биле блиски, додека пак тој ја прегрнувал постојано.

Потоа размениле неколку страстни бакнежи.

Инаку, Емилио Витоло е наследник на угледното италијанско семејство и неговиот татко е сопственик на ресторанот „Emilio’s Ballato“, од раните 90-ти години, а тој е омилено место на многу од странските ѕвезди.

Инаку, Кејти Холмс од 2006-та до 2012-та година била во брак со Том Круз, со кој што ја има ќерката Сури.