Конте именуван за нов менаџер на Тотенхем

2

По три години пауза Антонио Конте се враќа во Премиер лигата и ќе седне на клупата на Тотенхем како замена за неодамна сменетиот менаџер Нуно Еспирито Санто.

Педесет и две годишниот Италијанец со лондонскиот клуб потпиша договор на 18 месеци според кој годишно ќе заработува меѓу 13 и 15 милиони фунти. Конте во Англија се враќа откако дел од својата кариера мина во Челзи со кој успеа да триумфира во Премиер лигата, а потоа седна на клупата на Интер со кој исто така се закити со шампионската титула во Италија.

“Пресреќен сум што се враќам во Англија, доаѓам во клуб кој има големи амбиции и сака да има водечка улога во Премиер лигата. Едвај чекам да почнам со работа, минатото лето не успеавме да се договориме за соработка бидејќи бев исцрпен по долгата сезона со Интер. Не сакав веднаш да му се вратам на фудбалот, но сега работите се сосема поинакви и веднаш ја прифатив понудата да дојдам во Тотенхем”, рече Конте.