Конте: Покажавме дека сме гладни!

8

Интер го совлада Баер Леверкузен со 2-1 и се пласираше во полуфиналето во Лига Европа.

Страѕтегот на италијанскиот тим, Антонио Конте беше задоволен од играта на своите момци на овој дуел.

„Многу сме задоволни, се подготвивме на вистински начин, не сакавме во ниту еден момент да му дозволиме на Леверкузен лесно да го наметне својот ритам, својата игра“.

Тој потенцира дека продолжуваат со подготовките за продолжението.

„Покажавме дека сме гладни, имаме шанса да играме во полуфиналето во Лига Европа и можеме да бидеме задоволни. Од денеска почнуваме со подготовки за полуфиналето“.