Контроверзна фотографија на Аца Лукас: Пејачот лежи на кревет, а до него бело „брашно“ (ФОТО)

134

Познатиот пејач откри како настанала фотографијата која овој викенд ги заобиколи друштвените мрежи.

Пејачот Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, ја прокоментирал фотографијата која кружи на интернат, на која тој лежи на кауч, а покрај него е кесичка со бел прав.

Аца на фотографијата е без маица, собата е јако осветлена со сончева светлина, па веројатно не настанала во последните неколку недели.

„Фотографијата е многу оддамна, како зезанција со другарите. Каква дрога, тоа е шеќер! Ние се за***вавме, а некој сега тоа го злоупотребил од не знам кои причини. Зарем мислите дека јас после сето тоа што го направив во животот, би си дозволил нешто такво? Ни кога го правев тоа не беше можно да исплива ваква фотографија, а не пак сега. Ме боли уво, немам за што да се правдам“, порачал фолкерот во изјава за Večernje novosti, пренесуваат од Glossy.