Конференција на ПД-ЦЕИ во Букурешт за економските последици врз државите од ЦЕИ регионот предизвикани од војната во Украина

6

„Економските последици врз државите од ЦЕИ регионот предизвикани од војната во Украина“ беше тема на конференцијата на економскиот комитет на Парламентарната димензија на Централно-Европската иницијатива, која се одржа од 27 до 29 март годинава во Букурешт, Романија. На конференцијата учествуваше и делегацијата на ПД-ЦЕИ од Собранието на РС Македонија составена од Рашела Мизрахи, во својство на шеф на делегацијата, и пратеникот Арбен Зибери.

-Главен акцент на оваа сесија на економскиот комитет на ПД ЦЕИ беше ставен на економските последиците врз економијата во земјите членки на ЦЕИ предизвикани од воените дејствија во Украина. Во таа насока и посебен акцент и внимание беше ставен на украинската делегација на ПД ЦЕИ каде што членот на делегацијата Ханна Бондар даде свое видување за моменталната економска ситуација во нивната земја и последиците предизвикани од руската агресија, известуваат од Собранието

Пратеничката Мизрахи во своето излагање ги истакнала економските последици врз македонската економија предизвикани од војната во Украина кои посебно се одразија врз намалениот економски раст и инфлацијата во нашата земја.

-Таа се задржа на повеќе аспекти и прецизни параметри околу новонастанатата ситуација на економски план. Мизрахи во рамките на дебатата се осврна и на темата околу нашите очекувања за интеграција и почнувањето на преговорите со ЕУ, известуваат од Парламентот.

На крајот на конференцијата Розалиа-Иболуа Биро, шеф на романската делегација на ПД ЦЕИ, им се заблагодарила на учесниците и посочила дека нивните размислувања и ставови се добредојдени и претставуваат еден поттик и насоки каде и како да се фокусираат земјите од ЦЕИ регионот во справувањето со последиците од оваа сложена ситуација.

Таа му посакала успех на членот на делегацијата на ПД ЦЕИ од Молдова, која воедно е и претседавач оваа година со ПД ЦЕИ и при тоа ги покани членовите на делегациите да земат активно учество на претстојниот редовен пролетен комитет на ПД ЦЕИ што треба да се одржи во Кишињев, Молдова во периодот од 23-24 мај оваа година, соопштуваат од Собранието.