Концерт на пијанистката Ема Попивода во рамките на фестивалот “Модоарс 2020“

15

Во рамките на Фестивалот за современа музика “Модоарс 2020“, вечерва (13.август- четврток), со почеток во 21.30 часот, во Куба Либре Охрид ќе се одржи концерт на пијанистката Ема Попивода.

На концертот ќе се изведат композиции на познати теми од легендарната група Битлси. Специјален гостин на вечерта ќе биде поетесата Наташа Сарџоска.

Ема Попивода е доктор на музички науки и пијанистка со интернационална кариера. Досега настапувала во Њујорк, Токио, Лондон, Париз, Рим… Покрај репертоарот на класична и современа музика, Ема е автор и изведувач на концерти со експериментална и алтернативна музика со пијано е електронска музика.

Влез слободен.