Коронавирусот се пренесува и преку инфекција на окото – научниците советуваат да се избегнуваат гужви и да се носат очила

19

Северна Кореја апелираше денеска до своите граѓани да не одат во области во кои има гужва, наведувајчи дека вирусот Ковид-19 може да се пренесе и преку инфекција на очите.

Весникот Родонг Синмун објави, повикувајчи се на студии направени во странство дека мерките за социјално дистанцирање се неопходни, затоа што новиот коронавирус е поопасен од другите.

„Постои опасност од пренос на инфекцијата преку очите. Респираторниот систем не е единствен начин со кој вирусот се пренесува“, напишал весникот советувајќи ги лекарите да носат очила додека ги прегледуваат пациентите.

Весникот напишал дека е потребно да се држи дистанца меѓу луѓето, како и да се избегнуваат гужви.

Вториот севернокорејски весник објавил дека сите копнени, воздушни и водени граници се затворени и дека се воведени стриктни мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Агенцијата КЦНА известила дека една трудница била ставена во самоизолација, а дека државата се грижи за неа така што ѝ пружа достава на храна и посебна нега.