Коронавирус: Десетпати повеќе инфицирани во Шпанија?

Нова студија во Шпанија покажува дека веројатно 5 проценти од населението веќе биле заразени од САРС-КоВ-2. Тоа е десетпати повеќе од официјално пријавените случаи. Сепак, не може да стане збор за масовен имунитет.

25

Шпанското министерството за здравство објави дека масовното тестирање на населението на новиот коронавирус покажало дека во земјата нема таканаречен „имунитет на стадо“.

Претставниците наведуваат оти обемната студија која е во тек засега покажува дека со коронавирус се заразени околу 2,3 милиони луѓе во Шпанија, односно околу 5 отсто од населението на земјата со околу 47 милиони жители.

Во Шпанија, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинкс, се потврдени околу 230.000 случаи на заразени. Сепак, овој број не се смета за репрезентативен, бидејќи повеќето тестови беа извршени на лица со сериозни симптоми или на здравственитњ работници. Околу 27.000 луѓе починаа во земјата од последиците на Ковид-19.

Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.

Прелиминарните резултати од новата студија на масовно тестирање на околу 90 илјади луѓе во 36.000 домаќинства беа претставени синоќа.

Тестирањето започна во последната недела во април, а треба да трае 8 недели. Властите се надеваат дека испитувањето ќе ги открие вистинските размери на епидемијата и ќе помогне да се надгледува нејзината динамика.

Масовното тестирање покажа големи разлики меѓу регионите, бидејќи во најтешко погодените области, има петпати повеќе заразени отколку во најмалку погодените делови во земјата. Така на пример десет проценти од населението развило антитела во особено тешко погодениот регион на главниот град Мадрид, додека пак тој број во помалку погодените области како Канарските острови или Мајорка е само околу два проценти. Меѓу старосните групи и половите нема големи разлики во бројот на заразени.