Косовскиот премиер Авдулах Хоти во посета на земјава

26

Делегација на Косово предводена од премиерот Авдулах Хоти денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.

Владата најави дека Хоти ќе има тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев и Хоти и официјална средба заедно со делегациите на двете земји, после што ќе следува заедничка прес-конференција.

Најавена е и средба на косовскиот премиер со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.