Коха диторе: Линијата Белград – Приштина ја загрозува косовската независност

54

Приштинскиот дневен весник Коха диторе оценува дека „косовската државност се доведува во прашање“ поради директната авио-линија меѓу Приштина и Белград.

Како што се наведува, во документот кој косовската страна го потпиша во Берлин, се збегнува употребата на називот на косовските институции.

Во писмото кое Косово го потпиша со три други страни, косовската управа за цивилно воздухопловство се нарекува „Власт за цивилно воздухопловство на Косово“.

Се зборува за отворање посебна линија меѓу Приштина и Белград, но се избегнува терминологијата на називите на државните институции, пишува приштинскиот весник.

Така никаде не се спомнува АСХНА – кратенката за државната агенција за навигација, а се користи само „Единицата за воздушен сообрачај“ – терминот кој беше во употреба пред Косово да прогласи независност, наведува Коха.

Документот од Берлин, во кој имала увид Коха, всушност е договор меѓу четири институции – авио-компанијата Луфтханза, Меѓународниот аеродром Приштина, КФОР и Косовската цивилна управа.

Приштинскиот весник смета дека тоа покажува дека косовските и српските власти потпишале две различни писма специфични за нивната работа.