Кој ја псуе државата бе?

324

Се е летаргично, препуштено само на себе. Синтагмата ‘‘ има и бетер‘‘ доживува ренесаснса. На крајот, се сеќаваш на онаа досетка виц во која еден во фамилијата вика, да ја издржиме зимава, па да издржиме топлиниве летово, па да издржиме есента со криза, па да издржиме до нова година. И станува еден од синовите и го прашува, а бе татко, ние го живееме животот или го издржуваме!? Македонија, две иљади дваесет и второ лето. Ова не е живот, ова е тест на издржливост викаат. Некој од таму вика… ‘‘пу датибам државата‘‘! И што да му направиш на тој? Да го апсиш!?

 

Од Агим ЈОНУЗ

Поминува пред моја врата еден познаник, и срдечно се поздравуваме, и му викам ‘‘како иде‘‘, а он ми вика, како може да иде бе, све отишло у пизду материну. Му викам а бе не псуј, у време Тито кој псуеше држава идеше на Голи Оток. А, он ми вика ма,.. и држава и матер! Аман бе! И јас у себе си викам, а бе остана ли некој да не ја псуе државата. Кој ја псуе државата бе!? Сите! Ај да не се лажеме. Нема човек што барем еднаш не рекол ‘‘пу датибам државата‘‘. Лажам!? Ок! Лажам, еве јас сум тој што заслужува да биде одстрелан. Вие останете си културни и безгрешни. Лажете вие! Не јас! Господ гледа бе ало! Од тоа лицемерие сте таму каде што сте. Битна ви е формата и ликот кој ви е нашминкан да изгледа како да сте најкултурните, нај интелектуалните и нај елоквентните ликови кои шетале по ова тло. Пуна ми е капата од сите вас кои сте ‘‘ нај посветени на државата и нејзината судбина‘‘! Секако, морам да признам дека ова не се однесува на целата слика, секако дека има ликови кои заслужуваат респект, ама тие да се ги броиш на прсти. И кога на оваа колумна ке реагира некој дека е вулгарна, груба, неваспитана, непатриотска, тоа само по себе ке каже дека тоа се ликови кои си ја ишкаат мувата од капата. Затоа што немаат чиста свест. Затоа што додека да извините ‘’ серат‘‘ дека се борат за државата, зад завесите размислуваат како да си го наполнат газот, да си ги натоварат магарињата затоа што и самите знаат дека тлото се тресе и на крај од се најважно ке биде дали фрижидерот дома им е полн или празен. Заеби државата. Ионака се свесни дека во политиката ништо не е вечно, дека треба да се искористи секој ден од мандатот затоа што утре на улица никој нема ни да те пљукне, а камо ли да ти каже браво.

Сите се свесни дека утре на улица ‘‘ ни кучињата нема да те мирисаат, ни да те лајат‘‘ затоа што ништо, ама баш ништо не чиниш за да се организира ова општество. Општеството и државата станаа само добар ‘‘ материјал за одело‘‘! И така, секој еден ( е, де втор) гледа како со опинците и селската носија со кои влегол во некоја институција да се преобрази во елегантен тип кој носи “Ermenigildo Zenha” одело и салонски кондури на свилени чорапи. Но! Барем праксата покажа дека со какво и да е одело ,.. во џеповите му стои парче расипано сирење со мирис од кој не може да побегне. И така, кога ке се соберат маса такви политичари и општествени работници ( повторувам, не сите) целото општество носи реа на расипано сиерење. Нашата стварност е најобично расипано сирење. А државата тезга распослана со растурена урда по која лазат муви. Битно, сите се смешкаат и на медиумите со едно ледено сериозно лице на кое се чита ‘‘планино моја рудино‘‘ ( Диме Поповски) го убедуваат оној што го гледа на вести дека не треба да се секира за ништо, тој е тука! На крај, се создава една атмсофера на неуропсихијатриска соба во која лежат умствено пореметени пациенти кои се дават во сопствената гомна. А зошто се дават? Па не функционираат службите кои треба да ги заперат, зачистат и да ги третираат достоинствено. Јас не велам дека е, ама велам дека фигуративно така изгледа цела популација, како пациент во неуропсихијатриска болница во која во усмрден воздух пациентот се дави во сопствени лајна. И чека смрт, несвесно носејки во подсвеста надеж дека ке дојде некој да го спаси. И Исус, и Мухамед одамна ги нема. Останува само здравиот разум кој е нај дефицитарната стока на пазарот наречен Македонија. Македонија е пазар!? Како се осмелувам да го кажам тоа!? Па логиката на нештата дава можност за фигуративни компарации. Да не се пазареше со својата судбина, историја, стварност, политика, сега Македонија ке беше здрава како дрен. А, таа е болна. И тоа болна осликана во една исконска мисла на Војдан Чернодрински ‘‘Од главата си патиме‘‘! Автоимуна болест! Тоа е народски речено ‘‘сам себе си се ждереш‘‘!

Е, па цркни ( боже ме прости / Estagfirullah)! Некому можеш на сила да земеш, ама не можеш на сила да му дадеш! Посебно не памет, не разум, не свест, не позитивни вибрации и борба за подобро. И за крај на пасусов, ке се навратам на минатата колумна во која подсетив дека сум ставен на столбот на срамот само затоа што овде отворено настапувам, без влакна на јазик, со експресии на вистинската мисла на обичниот човек и народот како маса кој е беспомошен. Да, тој ист народ на кого овде напишаното му е речник за дома. Кое сево ова што јас го зборам го зборува во страв со блиски, пред телевизор, пред роднина од доверба, пред љубовник/ца. Надвор не смее, затоа што партиите како најголема инквизиција казнуваат се ‘‘ што не се бендисува‘‘, на кое му се противречи, на кое светците наречени политичари, пратеници, министри и јавни фаци му се како ликови нацртани на легендарната слика од Да Винчи ‘‘ тајната Вечера‘‘. Да! Тајната вечера е најдобрата метафора на она што се готви во државата а што му се сервира на обичниот граѓанин кој на пазар почнува да ги брои дури скапаните кајсии. Нема веќе ‘‘ дај ми кило‘‘! Дај ми пет кајсии! До таму дојде работата!? Неее,.. ( ДА)! Во Македонија патлиџанот стана луксуз. Крај филма! Гаси светло и умри!

Нејсе! Ова се што е погоре напишано е цитат од муабетот со еден познаник пред врата кај мене у маало! Ми се жали човекот, син му како отишол у Германија, не му се јавил подолго време. Се секира човекот. Нормално. И така, ми кажува што му рекол последно пред да се качи у аутобус во еден правец. Вика, последните зборови му беа ‘‘ датибам и државата и се живо‘‘! Аман бе! И он ли по државата псуе? А како да не псуе, политички неопределен дипломиран архитект, кој на свои триесет години ( тој многу чекал дури) до завчера зимаше десетки на факултет, а навечер работеше на шанк у еден кафич служејки разни мајмуни што не заслужуваат ни да ги погледаш, ама имаат пари. На кого татко му му оставил, кој украл, а кој ‘‘ контраверзен бизнисмен‘‘ без грам мозок и со купена диплома. Кој сељачиште од нива која ја продал дошол да му се ‘‘курчи‘‘ на шанк. И така, ми вика пред да иде имавме еден здрав разговор зашто бега у Германија и детето има право. Вика, кого од сељачааната у партиите да молам да ме запосли? Уште кога ке одиш некого да замолиш да ти помогне, гледаш дека се топи сељакот што си му дошол пред ноги. И што е уште по навредливоп, не ти вика ‘‘ не‘‘! Туку, ‘‘ ќе видиме‘‘, ке се потрудам да ти помогнам, а апла го гледаш дека те лаже. Си му го разубавил денот што си дозволил да идеш да го молиш.

А, тој исто така партиски вработен не смее ни да зуцне зашто листите за вработување доаѓаат одозгора од штабот. Така функционираат сите и хоризонтално и вертикално што се вработени по партиска линија а они се 90%! И сите функционираат како една структура на селски оркестар во кој сите се смешкаат на бина додека свираат, а у ствари само ‘‘армоникашот‘‘ одлучува која песна после која ке оди. Ми вика другаров, детето ќе ми се разболеше ако останеше уште малку овде. А, не дај боже па да се разболи. Ако немаш пари подобро умри отколку да се грижи за тебе ‘‘ бесплатното здравство‘‘. По клиника да не те даде господ да прошеташ. И од таму додуше си отидоа најдобрите лекари по приватни болници. И таму партиски вработени лекари, сестри, болничари, пола од нив вежбаат медицина. Исто и у полиција. Исто у војска. Исто на суд. Исто по било кој шалтер у државава. Исто секаде. Партизација, негативна селекција на кадри, полуписменост, примитивизам, некултура, полупрофесионалност. Каде и да се свртиш, ништо не функционира. Ако немаш пријатели ни у клозет не можеш да идеш. Национализам, ем апла, ем латентен, ем скриен, ем нескриен. Сељачаана ‘‘ до јаја‘‘!

Многу нешта ми кажа другарчево што му рекло детето пред да си оди, ама не е за овдека. Срам ми е да набројам. Откако останав сам така на портата, почнав да си размислувам што е тоа што овој ми кажува а што не држи! Се му држи! На крајот на краиштата не е само неговотодете. Ехе, колку родители има чии деца по бел свет мерат улици со дипломата под мишка барајки некоја своја иднина која не можеле да ја најдат тука дома. Прашањето е сосема поинакво. До кога, и како ке се оправи овој проблем? Дали воопшто ке се најде нешто што ке го смени текот на нештата па ке се најдеме во некаква поинаква приказна во која како и да е, наместо некој во странство да ни чува внучиња за пари, ке си ги чуваме внучињата сами тука, во својот двор, со некакви сништа и радости што му следуваат на едни баба и дедо? И се поставува прашањето кој и како ја псуе државата и зашто!? Па како зашто! Јас би поставил едно друго прашање! Дали воопшто и на кој начин реагира народов на се што го снашло. Каков отпор дава обичниот граѓанин на сите несреќи што го снашле. Дали воопшто постои некое ниво на свест во кој народот ке каже ‘‘ а бе доста е вака, не може повеќе‘‘. Македонија се соочува со еден сериозен проблем кој е трагично воајерски.

Народот немо гледа и следи како пропаѓа се повеќе во провалија и никој ништо не збори. Никој да подигне глас. Никој да каже ‘‘ а бе народе, што да преземеме против ова зло‘‘. Се е некако анестезирано во мозокот. Се е летаргично, препуштено само на себе. Синтагмата ‘‘ има и бетер‘‘ доживува ренесаснса. На крајот, се сеќаваш на онаа досетка виц во која еден во фамилијата вика, да ја издржиме зимава, па да издржиме топлиниве летово, па да издржиме есента со криза, па да издржиме до нова година. И станува еден од синовите и го прашува, а бе татко, ние го живееме животот или го издржуваме!? Македонија, две иљади дваесет и второ лето. Ова не е живот, ова е тест на издржливост викаат. Некој од таму вика… ‘‘ пу датибам државата‘‘! И што да му направиш на тој? Да го апсиш!? Кого прво, ако земеме во предвид дека секој втор барем во себе ако не јавно рекол ‘‘ датибам државата‘‘ кого прво?

ООО ЏЕМААТ! Не чекај никој да ти ја чеша шугата. Сам треба да си ја чешаш, ама толку ти е и паметот и снагата. Шугав си бил, шугав и ке си останеш. Ај,… две три молитви/дови и сиктер дома!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)