Кралицата го прекина молчењето и се огласи по шокантното интервју: Еве што рече Елизабета Втора

8

Неколку денови по интервјуто на Хари и Меган со познатата водителка Опра Винфри се огласи и кралицата Елизабета, изјавувајќи дека ѝ е жал што младиот пар се соочувал со толку проблеми, но и дека ќе ги решаваат приватно.

Во интервјуто, Меган откри дека додека била во палатата страдала од депресија и имала самоубиствени мисли, но и дека се соочила со расистички коментари за синот Арчи.

Наводно, поради потеклото на Меган, некои во палатата биле загрижени дека Арчи ќе има премногу темна боја на кожата, па поради тоа не сакале да му дадат титула, а со тоа ни обезбедување.

Во вторникот, на 9-ти март, кралицата Елизабета конечно се огласи во врска со целата ситуација:

„Целото семејство е тажно што изминативе неколку години биле голем предизвик за Хари и Меган.

Споменатите проблеми, особено тој со расата, се загрижувачки. Додека некои сеќавања можат да бидат поразлични, проблемите се сериозно сфатени и ќе бидат решени со семејството приватно.

Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството“.

Според еден кралски експерт, со оваа изјава кралицата им потврдува на Хари, Меган и на јавноста дека проблемите наведени во интервјуто ќе бидат решени. Тој нагласува дека кралицата била особено загрижена за расистичките коментари за Арчи.

Сепак, бидејќи кралицата изјавува „некои сеќавања можат да бидат поразлични“, експертот смета дека со тоа сака да каже дека она што го кажува Меган не значи дека е апсолутна вистина.

„Она што го кажаа Хари и Меган предизвика многу сомнежи. Кралицата ја искористи токму оваа фраза за да се справи со чувствителноста на целата ситуација“.