Кралицата Елизабета и принцот Филип слават 73-годишнина од својот брак

17

Британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип ја прославувааг својата 73-годишнина од бракот со сентиментален подарок – честитка од нивните правнуци.

Бакингемската палата објави специјална фотографија на кралицата Елизабета (94) и Филип (99) на која се гледа како радосно отвараат рачно направена картичка од принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, децата на внукот на двојката, принцот Вилијам и неговата сопруга војвотката од Кембриџ Кејт.

На фотографијата кралските членови се насмевнати во замокот Виндзор и со многу љубов ја гледаат шарената картичка на која е врежан бројот 73 во чест на нивната годишнина.

Двајцата влечат потекло од кралицата Викторија, која владеела со тогашната огромна британска монархија во 19 век. И покрај кралската крв, тие растеле потполно различно, Елизабета во благосостојба, со дадилки и приватни учители, а Филип најчесто во беспарица.