Кралицата ќе ја пропушти јубилејната служба на благодарност во Свети Павле (ВИДЕО)

9

Велика Британија го слави големиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, која веќе седум децении е на чело на монархијата.

Кралицата за време на церемонијата поздрави десетици илјади луѓе пред Бакингемската палата, но потоа од палатата беше објавено дека Елизабета Втора ќе ја пропушти службата на благодарност во петок бидејќи „чувствувала нелагодност’ за време на роденденската парада што се одржа во четвртокот.

„Кралицата уживаше во денешната роденденска парада и почесниот лет, но не се чувствуваше најдобро. Имајќи го предвид патувањето и енергијата потребна за учество на националната служба на благодарноста во катедралата Свети Павле во петок, Нејзиното Височество за жал одлучи да не присуствува“, рекоа од палатата.

Кралицата требаше да присуствува на служба во катедралата Свети Павле на вториот ден од нејзината платинеста јубилејна прослава.

Сепак, кралицата во четвртокот вечерта учествуваше на церемонијата на палење светилки во замокот Виндзор.