Крафт: Убиството на Сулејмани беше самоодбрана

4

Американската амбасадорка во Обединетите нации Кели Крафт испрати писмо до светската организација во кое нуди објаснување за акцијата минатата недела во која загина иранскиот генерал Касем Сулејмани.

„Убиството на Сулејмани беше самоодбрана и Америка е подготвена да преземе понатамошни слични активности за да ги заштити нашите вработени и интереси на Блискиот Исток. „Ние исто така сме подготвени да започнеме сериозни преговори со Иран без предуслови, со цел да спречиме понатамошни закани за мирот и стабилноста во светот“, се вели во писмото на Крафт.

Според неа, убиството на Сулејмани е оправдано со членот 51 од Повелбата на ООН, со кој се бара земјите веднаш да поднесат извештај до Советот за безбедност на ООН за сите мерки преземени за остварување на правото на самоодбрана.

Таа исто така додаде дека смртта на Сулејмани и воздушните напади врз Ирак и Сирија биле одговор на ескалацијата на серија вооружени напади на Блискиот Исток во последните месеци.

„Целта беше да се одврати Иран од спроведување или поддршка на нападите, како и да се деградира неговата способност да изврши напади“, напиша Крафт.