Кремљ повика на смирување на тензиите меѓу Белград и Приштина по дипломатски пат

3

 

Кремљ денеска повика на надминување на тензиите меѓу Белград и Приштина со „дипломатски средства” и побара „гарантирани права” за Србите во Косово.

„Ние се залагаме страните да вложат напори за мирно решавање на ситуацијата преку дипломатски средства“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Москва исто така се залага за „загарантирани права на Србите“.

Тензиите се зголемија минатиот викенд на северот на Косово, кога дојде до размена на оган меѓу неидентификувани вооружени лица и беше фрлена шок-бомба врз членови на извидничка патрола на Мисијата на Европската унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС).

Барикади беа поставени и на граничните премини поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ.