Крешник Бектеши: Ставот на ДУИ е дека нема потреба од промена на нашите министри

18

Крешник Бектеши, министерот за економија, како одговор на новинарско прашање денеска рече дека ставот на ДУИ е дека нема потреба од промена на своите министри кога премиерот Зоран Заев ќе составува нова влада доколку се изнајде ново парламентарно мнозинство.

– Промени во Владата секако ќе има со оставката на министерот за земјоделство и двајцата заменици-министри од Беса, но ставот на ДУи е дека нема потреба од промена на актуелните министри во постоечката Влада, рече Бектеши.

Сепак, тој додаде дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ќе ја донесе одлуката по консултациите со претседателството на партијата и со премиерот Заев.

Ваквата изјава на Бектеши следува откако вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера рече дека ќе има промена на шест-седум министри во новата Влада, како што ја нарече „Заев 3“.