Кривични пријави против три лица кои не ја почитувале мерката за изолација

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

20

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било утврдено дека три лица не ги почитувале мерките.

Тие ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави.

Во однос на мерката за носење заштитни маски во изминатите 24 часа регистрирани се 618 прекршоци.