Криси Тајген го изгуби бебето: Во овие најтешки денови ќе се прегрнеме најсилно што можеме

17

Манекенката Криси Тајген и нејзиниот сопруг музичарот Џон Леџенд се скршени откако манекенката го изгуби бебето. Тажната вест Криси ја објави на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од родилиштето.

Криси на почетокот на неделава беше примена во медицинскиот центар во Лос Анџелес поради крвавење коешто траело повеќе од еден месец за време на нејзината бременост.

 

„Не успеавме да го запреме крвавењето и да му ја овозможиме на бебето течноста што му беше потребна и покрај трансфузијата на крвта. Едноставно не беше доволно. Никогаш не одлучуваме како ќе се викаат децата додека не се родат, туку пред да ја напуштиме болницата. Но од некоја причина, ова момче во мојот стомак го викавме Џек. Така што засекогаш ќе остане Џек. Џек многу се трудеше да биде дел од нашето семејство и засекогаш ќе остане“, напиша Криси покрај потресните фотографии од болницата.

Криси нагласи дека е благодарна што имаат две прекрасни деца – Луна и Лајлс, но свесна е дека секој ден не може да биде совршен.

„Во овие најтешки денови од нашите животи, ќе жалиме и ќе плачеме, но ќе се прегрнеме најсилно што можеме и ќе се сакаме, па ќе поминеме низ тоа“, напиша Криси.