Критично во грчкиот камп за мигранти – Деца се обидуваат да се самоубијат (ВИДЕО)

22

Состојбата во грчкиот мигрант камп на островот Лезбос е критична. Се поголем број деца се обидуваат да извршат самоубиство или самоповредување, велат психолозите кои работат таму, пренесува Би-Би-Си.

Во кампот во моментов има околу 18 000 луѓе, иако е наменет за 2000 . Меѓу нив има околу 7.000 деца.Во последните месеци, сè повеќе бегалци пристигнуваат на егејските острови од земјите зафатени со војни или од сиромашните подрачја на Азија и Африка.

„Многу деца тука живеат во многу лоши услови. Немаме доволно лекари, медицински сестри, немаме доволно храна “, изјави Зекрија Ферхад од невладината организација Wave of Hope.

Детскиот психолог Ангела Модарели лекува 20 случаи на самоповредување кај деца и два обиди за самоубиство во последните три месеци.

„Децата тука немаат време да се опорават од траумата. За помладите деца, можете да видите, на пример, дека ги удираат глави од ѕид и си ја кубат косата, додека постарите, на возраст меѓу 12 и 17 години, забележуваме дека почнуваат да се сечат и зборуваат дека сакаат да умрат и не сакаат да живеат.“, рече Модарели.

„Не мислев дека ќе слушнам деца на шест или седум години, дека сакаат да умрат“, додаде психологот.