Кулушевски: Се надевам дека ќе се врати да игра за Шведска на ЕП, ајде Ибра!

18

Крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски побара од неговиот идол, Златан Ибрахимовиќ да ја прифати поканата од селекторот Јан Андерсон и да се врати во националниот дрес на Шведска на престојтното ЕУЕО 2021.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, се член на Шведска јавно испрати порака до Ибрахимовиќ.

„Се допишуваме често, тој е мојот идол. Тој секогаш зборува со многу почит кон мене и ме поттикнува да работам напорно. Се надевам дека ќе се врати да игра за Шведска на ЕП. Тоа ќе биде одлично за мене и за сите во Шведска, ајде Ибра!“ – објасни Кулушевски.