Куман ќе ги задржи Алба и Пике – Бускетс може да остане, но нема да биде стартер

13

Роналд Куман разговарал со играчите кои имаат најдолг стаж во Барселона. Холанѓанецот на Џерад Пике, Џорди Алба, Серхио Бускетс и Серхи Роберто им соопштил дека смета на нив, но за да да останат во тимот ќе треба да прифатат намалување на платите. Барселона поради пандемијата на коронавирусот има сериозни финансиски проблеми.

Куман на Алба му соопштил дека би сакал да остане во Барселона уште една сезона, Роберто ќе ја задржи својата улога во ротацијата, а за Пике новиот тренер имал сериозни планови.

За разлика од овие тројца на Бускетс, Куман му соопштил дека може да остане, но дека не може да му гарантира дека ќе биде стартер. Улугата на Бускетс Куман има намера да му ја додели на многу помладиот Френки Де Јонг.

Планот на Куман бил Де Јонг и Миралем Пјаниќ да бидат дефанзивни играчи во редот за врска, а за да го зајакне тој дел од тимот новиот тренер ќе се обиде да го донесе Жоржињо Вајналдум од Ливерпул.