Курти: Министерството за здравство носи одлуки во врска со коронавирусот

Премиерот на Косово со технички мандат Албин Курти објави дека Министерството за здравство ќе носи решенија за мерките поврзани со превенцијата на коронавирусот, во договор со ресорните министерства и градоначалниците.

10

 

Курти објави дека одлуката на Уставниот суд на Косово, со која се укинати ограничувањата за движење во одредени делови од денот, стапува на сила од полноќ. „Судот не ја оспори легитимноста на мерките што ги презедовме”, рече Курти. Министерот за здравство Арбен Витиа пак изјави дека е потребно повеќе од кога и да било соработка за заштита на јавното здравство од ковид -19.