Курти: „Мини Шенгенот” е намера на Србија да создаде четврта Југославија

5

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека „мини Шенген” е намера на Србија да формира четврта Југославија и смета дека таквата идеја претставува опасност.

– Балканскиот мини Шенген не е реалност, туку повеќе е идеја. За соработката на шесте земји од регионот ја имаме рамката на Берлинскиот процес. Во таа смисла нема ништо ново, рече синоќа Курти во емисијата Рубикон на КТВ.

Тој не ја исклучи можноста да присуствува на следниот состанок на балканскиот мини Шенген, но додаде дека е малку веројатно таквата одлука да биде донесена во неговиот кабинет, објави „Косово онлајн”.

– Мора да разговараме за сè во Владата на Косово. Мора да почекаме документирање на оваа идеја и ќе развијам некои прелиминарни контакти пред да одам на четвртата средба, рече тој.

– Активистите обвинуваат за геноцид, директорката негира
Сепак, тој е убеден дека албанскиот „макро Шенген” би можел да се спроведе многу брзо.

– Албанскиот „макро Шенген” подразбира сеопфатна албанска либерализација. Балканскиот„ мини Шенген” е идеја што не е спроведена, додека албанскиот „макро Шенген” може да се спроведе многу брзо. Ваквите иницијативи не можат да се насочат на друго место освен кон Берлинскиот процес, рече Курти.

Коментирајќи го ставот на претставникот на Трамп Рикардо Гренел, кој инсистира на укинување на таксите на производите од Србија и Босна и Херцеговина, Курти рече дека американскиот дипломат „има многу енергија и не е злонамерен”, но оти прашањата на Балканот и односите меѓу Косово и Србија се чувствителни.

Тој повтори дека покажал подготвеност да ги укине таксите, но по воспоставувањето на принципот на реципроцитет.

– Ние ќе прецизираме што е реципроцитет. Косово може да примени реципроцитет, но не го прави тоа. Во Србија никако не можете да влезе со косовски регистарски таблички. Така би можело да постапи и Косово, така би изгледал реципроцитет. Имаме право да не дозволиме српски камиони бидејќи немаме договор за патен транспорт, изјави Курти.