Курти од Драч: Мора да си помагаме и да се поддржуваме, за овој народ, а не за политиката

13

Лидерот на Движењето „Самоопределување“ и иден премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во Драч истакна дека за да „нема хуманитарна криза, на косовските и албанските институции им е потребна помош“.

Посочи дека волонтерството е значајно, но тоа треба да го помогнат институциите на двете земји.

„Слушаме за семејства од подрачјето на Драч кои пристигнале во Косово, но мора да си помагаме и меѓусебно да се поддржуваме, за овој народ, а не за политиката. На волонтерството им се потребни нашите две армии, нашите две полиции за резултатите да бидат подобри. Локалните самоуправи ќе помогнат со најдобра статистика, додека народот работи на дарежливост и гостопримливост“, порача Курти.

Според него, народот покажува солидарност и потребно е институциите и владите тоа да го организираат што подобро.

„Луѓето треба да продолжат да живеат и работат иако во тешки услови. За да нема елементи на никаква хуманитарна криза, институциите и во Косово и во Албанија, централни и локални, треба да им помогнат на Албанците“, изјави Курти.

Оцени дека Безбедносните сили на Косово и армијата на Албанија одлично соработуваат.

Курти вчера престојуваше во Гњилане каде присуствуваше на погребот на двајца браќа Абази, кои беа пронајдени мртви под урнатините на хотел во Драч.