Курти со порака до Рама: Патот од Белград до Тирана поминува низ Приштина

5

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти го коментираше состанокот што се случи во Тирана за балканскиот „мини Шенген“.

Во својата реакција, Курти го потсетува премиерот на Албанија, Еди Рама, дека патот од Белград до Тирана поминува низ Приштина.

Меѓу другото, претседателот на Самоопределување вели дека Косово и Албанија имаат потреба за поголема соработка а не за конфронтација.

– Принципите на сеопфатност и на реципроцитет треба да ги водат регионалните иницијативи. Патот од Белград до Тирана поминува низ Приштина. Ние сме биле и секогаш ќе бидеме еден народ и никој не може да застане меѓу нас. Ние имаме потреба за повеќе соработка, а не конфронтација, напиша Курти на Твитер.