Куртоа: Горд сум на тоа како се браневме од Португалија

1

Белгија се пласираше во четвртфиналето на ЕВРО 2020 откако ја совлада Португалија со 1-0, а овој пат „црвените ѓаволи“ предводени од голманот Куртоа покажаа одлична игра во одбраната. Иако ваквиот пристап кон играта прикажан од еден од главните фаворити беше разочарувачки за публиката, сепак, на крај целта е постигната и Белгија оди во следната фаза.

Голманот на Реал изјави дека дуелот против Португалија очекувал да се разликува од останатите натпревари, па особено е среќен што не дозволил да прима гол од Роналдо и неговите соиграчи.

„Немав многу што да направам на претходните три натпревари во групата, но знаев дека тоа нема да биде случај против Португалија. Горд сум на моите соиграчи, тие беа премногу добри во одбрата. Италија исто така ќе биде тежок противник, но докажавме дека сме подготвени за овој турнир“ изјави Куртоа.