Кучињата повеќе нема да смрзнуваат, активисти донираа котел за греење во ЈП „Лајка“

4

 

Активиститe за заштита на животни донираа котел и негова инсталација за бездомните кучиња во ЈП „Лајка“, информираат од ова јавно претпријатие.

– Котелот веќе е поставен и ќе биде пуштен во употреба, па кучињата кои транзитираат во прифатилиштето “Лајка„ ќе имаат топол престој оваа зима за време на нивниот хуман третман – стои во објавата на ЈП „Лајка“.

Оттаму меѓу другото објаснуваат и дека, со изнаоѓање на решение за овој проблем, кучињата во ЈП „Лајка“ нема да ја почувствуваат ниту оваа сезона студената зима.

– Неизмерно сме им благодарни на активистите како и досега за нивните заложби во нашата заедничка хумана мисија. Оваа донација ќе ги згрее бездомните кучиња во ЈП „Лајка“, но и срцата на сите љубители на овие шепасти пријатели, кои се грижат за нивната благосостојба – стои во објавата на јавното претпријатие.