Лавров ја откажа балканската турнеја

12

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа балканската турнеја откако бил во контакт со некој заразен со ковид-19. Министерството за надворешни работи соопшти дека 70-годишниот дипломат „се чувствува добро“, но се самоизолира како мерка на претпазливост. Лавров планираше да ги посети Босна и Херцеговина и Србија на 28 и 29 октомври. Во Белград, тој требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Лавров на 26 октомври се врати од Атина, каде што оствари средби со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Никос Дендиас и лидерот на опозициската коалиција на радикалната левица Алексис Ципрас. Русија е на четврто место по бројот на заразени во светот, со повеќе од 1.540.000 регистрирани инфекции, вклучувајќи над 26.000 смртни случаи.