Лазаров: Благи фаворити сме против сите три противници

7

Никогаш во минатото не сме добиле група на која сме фаворити против сите противници. Со виенските ривали можеме така да се поставиме, а со сигурност таква улога ќе ни дадат и ракометните експерти и критичарите.

Капитенот Лазаров не крие дека во националниот тим имаме момци кои се релативно млади, но со неколку натпреварувања во нозете, па од нив се очекуваат големи работи во Виена.

„Имавме среќа во ждрепката, противници по мерка – Украина, Чешка и Австрија и треба да одиме натпревар по натпревар и имаме добра шанса за три добри натпревари. Благи фаворити сме против трите ривали, имаме амбиции и добра селекција.

Имаме ракометари од 22-23 години кои веќе имаат три-четири големи натпреварувања. Амбициозен сум и верувам во оваа група на ракометари, да не размислуваме многу напред, да одиме натпревари по натпревар, но оптимист сум за иднината“, смета капитенот.

Кирил Лазаров имаше одлична есен во Нант, но не одигра така голем број натпревари како минатите сезони и одморен доаѓа на шампионатот во Австрија. Затоа противниците уште повеќе се плашат од неговата класа, квалитет и искуство.

Знаејќи го неговиот професионализам и колку му лежат ривали како Украина, Чешка и Австрија, тешко на противничките одбрани и голмани.