Лампард ќе го крпи тимот за реваншот со Баерн

5

Френк Лампард се соочува со огромни проблеми да го состави тимот на Челси за реваншот против Баерн Минхен во осминафиналето од ЛШ, откако неколку стандардни првотимци заработија повреди на вчерашното куп-финале против Арсенал.

Кристијан Пулишиќ и Педро Родригез се повредија во второто полувреме и дефинитивно нема да можат да настапат во Минхен, исто како и Цезар Азпиликуета, во чие отсуство одбраната на „сините“ ќе биде значително ослабена. Згора на тоа, Вилијан веќе десетина дена е повреден и не му е на располагање на Лампард, додека Маркос Алонсо и Жоргињо поради суспензии нема да можат да се појават на „Алијанц Арена“.

Челси веќе има негатива од 0-3 од поразот на првиот меч во Лондон, а со ваков преполовен состав на „сините“ лошо им се пишува во пресрет на реваншот во Германија.