Лани на подрачјето на Старо Нагоричане имало 48 пожари

4

 

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане лани регистрира 48 интервенции, информираа денеска надлежните. На отворен простор се случиле 35 пожари на шума, стрништа, депонии, шут и отпад. Шест интервенции имало на објекти и помошни објекти, четири биле поради елементарни непогоди, пред сè удар на гром, а се интервенирало и на три сообраќајни незгоди.

Според командирот на противпожарната единица Старо Нагоричане, Далибор Трајковски, од почетокот на годинава има само една интервенција на запалена сува трева во село Руѓинце.

– Располагаме со две противпожарни возила едно теренско и едно лесно возило за транспорт на вода. Ланската во однос на претходната година беше подобра со помал број пожари и веројатно има зголемена свест кај граѓаните во однос на минатата година кога имаше огромни шумски пожари на подрачјето на нашата општина, изјави Трајковски.