Лансирањето севернокорејски ракети не претставуваат непосредна закана, тврди американската армија

4

 

Американската армија соопшти дека лансирањето балистички ракети кое денеска го изврши Северна Кореја не претставува непосредна закана за американскиот персонал и територија, ниту за американските сојузници, но го зголемува дестабилизирачкото влијание кое го има нуклеарната и балистичка програма на Пјонгјанг.

Американската армија истакна дека САД остануваат посветени на одбраната на Јужна Кореја и Јапонија од севернокорејските закани, пренесе Ројтерс.

Северна Кореја истрела денеска две балистички ракети кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Здружената оперативна команда на Јужна Кореја соопшти дека ракетите летале на висина од 350 километри и 250 километри откако се истрелани околу 16:30 часот по локално време од областа Сунан во Северна Кореја, пренесува Ројтерс.