Латино журка на Супербоул: Разголените Шакира и Џеј Ло го „запалија“ Мајами (ВИДЕО)

10

Полувремето на финалните натпревари во НФЛ-лигата, популарниот Супербоул, најчесто носат спектакл кој е подобар дури и од случувањата на теренот, а ништо поинаку не беше и ноќеска во Мајами каде што Канзас сити чифс со сензационален пресврт го победи Сан Франциско (31-20).

Во центарот на вниманието беа Шакира и Џенифер Лопез, кои оскудно облечени буквално ги запалија присутние на „Хард Рок“ стадионот, но и преку сто милиони гледачи крја малите екрани. Мотивот на ова шоу беше промоција на латино-заедницата во САД, но и потенцирањето на различноста на луѓето кои живеат во оваа земја, поради што и химната беше испеана од Деми Ловато.