Лајчак на 20 јануари во посета на Белград и Приштина

4

 

Специјалниот претставник на Европска Унија, Мирослав Лајчак в петок ќе ги посети Белград и Приштина.

– Предвидено е Лајчак во Приштина да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, а потоа во Белград со претседателот Александар Вучиќ, изјави портпаролот за надворешната политика на ЕУ, Петер Стано.

Лајчак при посетата на Белград и Приштина ќе биде придружуван и од советниците на францускиот претседател, на германската канцеларка, на италијанскиот премиер, како и заменик државниот секретар на САД.