ЛА Клиперс му врачи отказ на Док Риверс, по седум години славниот стратег заминува од клубот

22

Елиминацијата од Денвер во плеј-офот му пресуди на Док Риверс, Лос Анџелес Клиперс од следната сезона ќе биде со нов тренер.

Според официјалниот сајт на ЛА Клиперс, претседателот на клубот, Стив Алмер и Док Риверс постигнале взаемна согласност за заминување на тренерот.

Док Риверс седум години беше тренер на Клиперс, за тој период оствари 356 победи и 208 порази што го прави најуспешниот тренер во овој клуб.

Под негово водство Клиперс шестпати играше во плеј-офот и трипати стигна до конференциското полуфинале, во 2020, 2015 и 2014.

Пред да пристигна во Лос Анџелес во 2013 година, Риверс помина девет сезони во Бостон Селтикс со кој ја освои титулата во 2008 година.