Леброн му даде 46 поени на Кливленд, Јокиќ го доби дербито против Дончиќ (ВИДЕО)

27

Лос Анџелес Лејкерс синоќа запиша триумф против Кливленд кавалирс со 115-108, а одличен меч одигра Леброн Џејмс, кој беше расположен против неговиот поранешен тим.

Лејкерс од самиот старт имаа предност и беше јасно дека Кливленд ќе запише пораз, а најдобар во победата на актуелниот шампион беше Џејмс, кој постигна 46 поени, осум скокови и шест асистенции, додека Ентони Дејвис постигна 17 поени и 10 скокови.

Уште еден одличен меч беше одигран минатата ноќ, во кој славеше Денвер нагетс против Далас маверикс со 117-113.

Денвер до нов триумф ги предводеше Мајкл Портер со 30 поени, додека Никола Јокиќ постигна 20 поени, 10 скокови и четири асистенции.

Во екипата на Далас повторно одличен беше Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз. Словенецот постигна 35 поени, 16 асистенции и 11 скокови.