Левица поднесе 102 тужби до Управниот суд

21

Политичката партија Левица поднесе 102 тужби до Управниот суд откако ДИК им ги отфрли сите над 1 500 приговори поврзани со изборите.

Судот треба да ги разгледува тужбите на јавна седница која најверојатно ќе се одржи утре бидејќи за денеска веќе има закажано неколку седници на кои треба да се расправа за тужбите кои вчера ги доставија другите партии. Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесоа 75 тужби и една има поднесено Интегра.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии.