Лев, Покетино и Вилаш-Боаш кандидати за селектор на белгиската репрезентација

2

 

Три светски познати фудбалски имиња се кандидатите за функцијата селектор на белгиската репрезентација.

Белгиската фудбалска асоцијација денеска и утре ќе одржи состаноци на кои ќе се разговара за имињата на потенцијалните кандидати за функцијата селектор на националниот тим. Некои од нив се веќе познати.

Така, според „Хет Ниусблад“, тамошната федерација ги разгледува опциите со назначувањето на Јоаким Лев, Маурицио Покетино или Андре Вилаш-Боаш. Никој од нив сега нема ангажман.

Франк Веркаутерен може да стане технички директор на репрезентација, а за оваа позиција конкурира и поранешниот дефанзивец на Барселона, Томас Вермален.