Легенда на Арсенал подбра една ѕвезда на тимот и порача: Артета нема на кого да се потпре, освен на едно момче

16

Арсенал забележа уште еден кикс откако на свој терен не успеа да го победи тмот на Саутемптон со кого одигра натпревар без победник (1:1).

„Топчиите“ имаат долга серија од негативни резултати во Премиер лигата и токму затоа се наоѓаат на 15. позиција на првенствената табела.

Поранешниот легендарен напаѓач на клубот, Кевин Кембел смета дека Микел Артета не е виновен за ваквиот развој на настаните, туку играчите кои не покажуваат никаква желба за игра.

– Посветеноста на играчите беше подобра во второто полувреме, имаа поголема енергија и тоа беше забележливо. Но, каде беше Пепе? Не г видовме, а овие играчи кои се надарени, големи играчи мора да ги гледаме постојано.

– Многу луѓе со прст покажуваат кон Артета, но не, јас би ги посочил играчите. Само Сака е позитивата во овој тим, тој ја зема топката и храбро оди напред. Има многу од постарите играчи кои се мачат да ја пронајдат формата која Артета ја бара за составот.

– Артета нема никој на кој може да се потпре во тимот, освен ова младо момче, – изјави Кевин Кембел.