Лекарите му дадоа дијазепам на Боки 13, утврдија дека може да следи судење

59

„Бојан Јовановски има болки во стомакот и притисок 140 со 100, но тоа е резултат на стресна состојба“, утврдија лекарите од Итната медицинска помош.

Лекарот во судница нагласи дека му дале дијазепам и може да го следи судењето.

По ваквото образложение судот утврди дека судењето може да почне со воведни говори.

Ова е втор лекарски преглед на Јовановски. Тој претходно беше прегледан од затворскиот лекар, а во судот и од лекари на Итната медицинска помош.