Лекари и медицински сестри од струмичката болница позитивни на коронавирус

27

Струмичката болница веќе цела недела се обидува да го организира работењето по одделни одделенија откако лекари и медицински сестри се позитивни на ковид-19.

Времено се префлуваат сестри од едн на друго одделение за да може да се одговори на потребите вели директорот на болницата Наќе Гогов кој призна дека медицински коронавирусот е откриен и кај медицински пероснал во болницата но сеуште не е детектирано дали се заразиле од пациенти или домашни услови.

Во моментов инфективното одделение е полно со пациенти со ковид, а исполент е капацитетот и на просторот со хируршките амбулатни кој се адаптираше за таа намена. Директорот најави дека ќе се пристапи и на адаптација и на првиот кат од новиот болнички крак.

Во Струмица од почетокот на пандемијата во Струмица заболеле 328 лица а 14 лица починаа од компликации на вирусот. Во моментов има 185 активни случаи.